Во трговски центар во Аризона

Двајца мртви во напад во САД, напаѓач пукал во луѓе и пренесувал на социјална мрежа (ВИДЕО)

Двајца луѓе загинаа, а еден е ранет во напад во американски трговски центар. Напаѓачот пукал во луѓе и пренесувал во живо на социјалната мрежа Снепчет.

Нападот се случил во трговски центар во предградие на Феникс во американската држава Аризона. 

Две лица загинаа, еден е ранет, а напаѓачот е уапсен.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка и дека нападот го пренесувал во живо на Снепчет.

Државниот сенатор на Аризона, Мартин Кезада, кој бил сведок на нападот, рече дека станува збор за „терорист“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе