Двајца американски војници убиени за време на напад на ИСИС во Ирак

Двајца американски војници биле убиени во Ирак за време на мисија да се елиминира упориште на милитантна група на Исламската држава, соопштија денес официјални воени претставници.

Американските војници во неделата ги придружувале и советувале ирачките безбедносни сили за време на рација во планините во северо-централен Ирак и биле убиени од „непријателските сили“, стои во соопштението на меѓународната коалиција за борба против џихадистите.

Имињата на двајцата војници не се веднаш објавени, се очекува да се известат нивните семејства, се додава во соопштението.

Околу 5.200 американски војници во моментов се наоѓаат во Ирак како помош на ирачките безбедносни сили во борбата против ИСИС, пренесува Асошиејтед Прес.

Заедничките контра-ИСИС операции на Ирак и Соединетите Држави се рестартирани во средината на јануари, откако привремено биле суспендирани поради нападот со беспилотно летало, во кој загина генералот Касем Сулејмани висок ирански командант во Ирак.

Во февруари, двајца војници се убиени, а шест повредени додека американски и авганистански сили спроведувале заедничка операција. Едно лице облечено во авганистанска униформа во провинцијата Нангархар, Авганистан, со автоматска пушка отворил оган врз нив, соопшти војската.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе