Два воза се судрија во Велика Британија, најмалку 12 повредени (ВИДЕО)

Повеќе патници се повредени откако два воза се судрија меѓу Андовер и Солзбери, на југот на Англија, јавуваат британските медиуми. Полицијата потврди дека нема загинати.

Фото: скриншот

Како што пренесува британски Гардијан, околу 50 пожарникари од повеќе околни места се на теренот, заедно со полицијата. Областа ја надлетува и хеликоптер на крајбрежната стража.

Како што наведе портпаролот на железницата, службите за итни случаи реагираат на „инцидентот во тунелот Фишеретон“ близу станицата Солзбери и таа линија е затворена. До судирот дошло кога едниот воз удрил во објект во тунелот, а другиот воз потоа се судрил со него поради проблеми со сигнализацијата, пренесува Би-би-си.

Би-би-си наведува дека најмалку 12 лица се повредени, а дека се верува дека еден од машиновозачите останал „заглавен“ во кабината. Исто така, како што пренесуваат, едниот воз се накривил настрана.

ПА Медиа јавува дека се верува дека сите повредени имаат полесни повреди, пренесува Гардијан.

Железничкиот сообраќај во таа област е во прекин.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе