Два воени авиони се судрија над Германија (ВИДЕО)

Два германски воени авиони „јурофајтер“ се судрија денес над североисточната држава Мекленбург-Западна Померанија, потврди Министерството за внатрешни работи. Авионите паднале во населена област, објавија германските медиуми.

Германските воздухопловни сили соопштија дека пилотите успеале да се катапултираат.

Министерството за внатрешни работи на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија потврди дека се судриле два авиони јурофајтер во близина на воената база Лаге.

Германското списание Фокус објави дека едниот пилот е пронајден жив, додека по другиот уште се трага.

Авионите се судриле нешто пред 14 часот во близина на езерото Мириц, околу 100 километри од Берлин.

„Тие, заедно со трет 'јурофитер', беа во воздушна патрола“, објави германската армија на Твитер.

Пилотот на третиот авион го видел судирот и јавил дека два падобрани се спуштиле на земја, објави Ројтерс.

На видеото објавено на интернет веднаш по судирот се гледаат два облаци од чад што се издигнуваат од земјата.

Дневниот весник Шферинер фолкцајутунг извести дека падот на авионите на тлото предизвикал шумски пожари и дека можеби се погодени населени области, пренесе агенцијата.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе