Два украински воени авиони Су-25 соборени во област под контрола на бунтовниците

Два украински борбени авиони денеска биле соборени во источниот дел на Украина, контролиран од руските сепаратисти, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана Олексиј Дмитрашковски изјавил дека ловците Сухој-25 биле соборени во областа наречена Савур Могила, според Асошиејтед прес и Ројтерс.

Портпаролот рекол дека секој авион имал по двочлен екипаж. Според неофицијални информации, бил најден падобранот на еден од пилотите, кој успеал да избега во околната шума.

Савур Могила се наоѓа во регионот Шактерски, на само неколку километри од местото каде што се урна авионот на Малезија ерлајнс, кој беше соборен минатата недела со 298 патници.

Соборувањето на борбените авиони Су-25 е првото потврдено соборување авион над источна Украина по несреќата со Малезија ерлајнс.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе