Два авиони Сухој избркаа американски Б-52 бомбардер од руската граница (ВИДЕО)

Два руски авиони Сухој-27 принудија американски Б-52 бомбардер да се повлече од руската граница, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија.

Б-52 летал над меѓународните води на Балтичко Море. Руската контрола на воздушниот простор го идентификувале далеку од границата и го набљудувале.

На двата авиони Сухој -27 од силите за противвоздушна одбрана им е наредено да го идентификуваат и испратат авионот. Откако стратешкиот бомбардер Б-52Х го сменил курсот за да се оддалечи од руската државна граница, авионите се вратиле во базата, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Руското министерство за одбрана објави видео од следењето на бомбардерот Б-52Х на американските воздухопловни сили кој летал над неутралните води на Балтичко Море.

„Во принцип, само ќе речам дека таквите дејства на САД, се разбира, не водат до зајакнување на атмосферата на безбедност и стабилност во регионот што директно се поврзува со границите на Русија“, изјави за новинарите на конференциски повик портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Напротив, тие создаваат дополнителни тензии“.

Американската амбасада во Полска соопшти дека бомбардерите Б-52 во средата летале во Литванија и Полска за обука за интероперабилност со силите на НАТО.

Авионите, кои привремено биле стационирани во Велика Британија, извршиле симулација на бомбашки напади, додадоа од амбасадата.

„Работењето од идни локации овозможува колективни одбранбени способности... потребни да се одвратат противниците и да се обезбедат нашите сојузници и партнери“, се вели во соопштението.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе