Два авиони се уништени во судир во воздух на аеромитинг во Далас, Тексас. Патеките на летовите на бомбардерот Б-17 и помалиот борбен авион се вкрстиле, што резултирало со катастрофална несреќа.
Different angle https://t.co/8ygrQAX32S
— Tyson Moore (@tysongmoore) November 12, 2022
Видеоснимките покажуваат дека Б-17 со четири мотори летал ниско над аеродромот во Далас кога помалиот авион – Бел П-63 Кингкобра – со голема брзина му го пресекол патот. Двата летала се распаднале при ударот и експлодирале кога паднале на земјата.
More footage: pic.twitter.com/NSR6NK3sq9
— Faytuks News Δ (@Faytuks) November 12, 2022
Најмалку еден пилот успеал да отвори падобран.
Засега нема информации за жртви.
Инцидентот се случил на „Крила над Далас“, годишно шоу на кое се прикажуваат авиони од Втората светска војна, како и воени возила и историски реконструкции.