Филипинскиот претседател

Дутерте се закани со протерување на европските амбасадори поради критики на војната против дрогата

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе ги избрка европските амбасадори поради наводното мешање во внатрешните работи на земјата со тоа што ја критикуваат контроверзната војна на владата против дрогата.

Таа закана следи откако група европарламентарци предупредија дека на Филипините може да им се наметнат санкции ако не сопре низата убиства поврзани со борбата против наркотиците.

Дутерте тврди и дека „глупавите момци од Европската Унија“ сакаат да ги исфрлат Филипините од ОН.

„Мислите дека Русија и Кина ќе се сложат со тоа? Мислите дека останатите членки на АСЕАН ќе се согласат?“, праша Дутерте.

„Амбасадори на тие земји, ако ме слушате, веднаш одговорете ми, бидејќи утре би можел да ги прекинам дипломатските канали. Имате 24 часа да ја напуштите мојата земја. Сите до еден!“, истакна тој.

Европските земји се меѓу најжестоките критичари на владината кампања против дрогата во рамки на која во полициски акции се убиени над 3.000 луѓе.

Групите за заштита на човековите права побараа независна истрага, тврдејќи дека вистинската бројка е околу 12.000 убиени осомничени кои немале прилика да се бранат на суд.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе