Дутерте ги повлекува Филипините од Меѓународниот кривичен суд

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте објави дека Филипините се повлекуваат од основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд.

„Изјавувам дека Филипините ја повлекуваат својата ратификација на Римскиот статут, што стапува во сила веднаш“, кажа филипинскиот претседател во соопштението.

Судот со седиште во Хаг во почетокот на февруари објави дека е отворена прелиминарна истрага за кампањата на Дутерте за сузбивање на дрогата, која предизвикува загриженост на меѓународната заедница.

Дутерте, кој беше избран во 2016 година, вети дека ќе ја искорени трговијата со дрога така што ќе убие десетици илјади престапници.

Илјадници осомничени страдале за време на кампањата против дрогата што ја почна Дутерте откако стана претседател во јуни 2016 година, што предизвика критики и закани со кривично гонење.

„Борбата нема да биде готова додека тие што работат со дрога не сфатат дека мора да престанат зашто нивни опции се само затвор или пекол“, кажа минатата година Дутерте.

Откога е избран, полицијата убила речиси 4.000 осомничени трговци со дрога и осомничени зависници, според официјалните податоци.

Активистите за одбрана на човековите права сметаат дека тие броеви треба да се помножат со три за да се добие вистинскиот биланс на мртвите. 

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе