Првични резултати

Дуда тесно победи на претседателските избори во Полска

Досегашниот полски претседател Анджеј Дуда победи на претседателските избори одржани вчера, покажуваат денес објавените резултати врз основа на 99,97 отсто од гласовите.

EPA-EFE

Неговата победа ќе им овозможи на владејачките националисти да ги продлабочат своите конзервативни реформи, оценува Ројтерс.

Дуда, кого го поддржува владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС), доби 51,2 отсто од гласовите, објави полската изборна комисија.

Комисијата на конференција за медиумите истакна дека остатокот од гласовите кои сѐ уште треба да се пребројат не можат значително да го сменат резултатот.

Либералниот градоначалник на Варшава Рафал Тжасковски, кандидатот на најголемата опозициска партија центристичката Граѓанска платформа, доби 48,8 отсто од гласовите.

Конзервативниот претседател на почетокот беше изразен фаворит. Кампањата му беше жестока, проткаена со хомофобни тонови и напади врз независните медиуми.

Тжасковски го обвинуваше дека нема да им служи на полските туку на туѓите интереси.

Тжасковски со време ја надомести разликата, ветувајќи дека ќе ги поправи односите со Европа и со вето ќе ги блокира законите со кои се поткопуваат принципите на правната држава.

Поради пандемијата на коронавирусот за првпат на сите граѓани на Полска им беше овозможено дописно гласање.

Право на глас имаа околу 30 милиони луѓе, вклучувајќи и 500 илјади надвор од земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе