Тешка околу 800 килограми

Дубровник: Морето исфрли противбродска мина

Противбродската мина од Втората светска војна што морето во текот на ноќта поради бурниот ветер ја исфри на плажата Бања во Дубровник беше деактивирана, соопшти полицијата.

Во соопштението на дубровачко-неретванската Полициска управа се вели дека по деактивацијата на мината, започнало да се работи на нејзино отстранување, јави Хина.

Заменичката на градоначалникот на Дубровник Орландо Токиќ рече дека станува збор за мина со тежина од околу 800 килограми.

Мината ја отстранија специјализирани полициски службеници за противексплозивна заштита.

Полициската акција започна од раните утрински часови, а сообраќајот долж плажата за време на деактивацијата беше затворен на два часа.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе