Сака да му покаже на светот дека Америка може да биде лидер

Државниот секретар на САД: Ќе соработуваме со Кина, но над Ујгурите е извршен геноцид

Новиот американски државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ја поддржува соработката со Кина околу климатските промени и други прашања од заеднички интерес, но и повтори дека над ујгурските муслимани во кинескиот регион Синцијанг е извршен геноцид.

EPA-EFE

Односите на САД и Кина „се веројатно најважните односи кои ги имаме во светот“, им кажа Блинкен на новинарите.

Сè почесто тие односи имаат некои контрадикторни аспекти, па се и конкурентски, но исто така и сè уште кооперативни, истакна Блинкен и додаде дека борбата против климатските промени е во интерес на двете земји.

„Мислам и се надевам дека тоа ќе можеме да го продолжиме, што се поклопува со поширокиот контекст на нашата политика и многуте загрижувачки прашања кои ги имаме со Кина, прашања кои треба да се решат“, изјави Блинкен.

Новинарите го прашаа како е можна соработка со Кина откако неговиот претходник, поранешниот државен секретар Мајк Помпео, минатата недела изјави дека Кина извршила геноцид над муслиманите во Синџијанг, при што Блинкен ја поддржа таа формулација на минатонеделното сослушување пред Сенатот.

„Останувам на оценката дека врз Ујгурите е извршен геноцид и тоа не се смени“, изјави Блинкен во средата и за коментарот на Линда Томас Гринфилд, кандидатката на претседателот Џо Бајден за амбасадорка во ОН, која кажа дека Стејт департментот ја разгледува таа формулација „бидејќи не се почитувани сите процедури“.

„Не видов што всушност кажала амбасадорката Томас Гринфилд, па не можам да го коментирам“, кажа новиот шеф на американската дипломатија.

Блинкен на својот прв работен ден на вработените во Стејт департментот им вети дека ќе ги поправи односните на САД со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека Америка може да биде лидер, додавајќи дека разговорите кои веќе ги спровел покажале дека постои „многу, многу силна желба Соединетите Држави да се вратат на масата“.

Политиката на минатиот претседател Доналд Трамп „Америка на прво место“ ги наруши традиционалните сојузи на Вашингтон, додека упадот на 6 јануари во американски Капитол од страна на поддржувачите на Трамп дополнително ја наруши американската глобална позиција, оценува Ројтерс.

Администрацијата на Бајден вети тврд пристап кон Кина, но поддржувачите на таквата политика кон Пекинг се загрижени бидејќи САД може да бидат присилени на компромис за да се напредува околу прашањата како климата и Северна Кореја, наведува британската агенција.

Специјалниот претставник на Белата куќа за климата Џон Кери кажа претходно на брифинг во Вашингтон дека за климата нема да „тргува“ околу ниеден проблем кој го има со Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе