Дронови полни со експлозив нападнаа нафтни извори во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија објави дека дронови вооружени со експлозиви денес нападнале извори на нафта во близина на Ријад, нарекувајќи го терористички чин, два дена откако во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати беа саботирани саудиски нафтени тенкери.

Министерот за енергетика на најголемата светска извозничка на нафта кажа дека нападот врз двата извори воопшто не влијаел врз производството и извозот на енергенсот.

Халид ал Фалих додаде дека неодамнешните два напади му се заканиле на светскиот пазар на нафта и ја докажале потребата за спротивставување на „терористичките групи кои стојат зад таквите деструктивни чинови“, меѓу другите и против паравојската на Хутите, иранските сојузници во Јемен.

Коалицијата предводена од Саудијците веќе четири години се бори против Хутите во Јемен.

Хутската телевизија Масирах претходно денес, повикувајќи се на воен извор, откри дека Хутите почнале напади со дронови врз „витални саудиски објекти“.

Денешните напади и оние врз саудиските бродови во неделата зсе случуваат во време на размена на закани меѓу Соединетите Американски Држави и Иран околу санкциите и американското воено присуство на Блискиот Исток.

Емиратите не открија детали за нападот врз бродовите во близина на својот брег и Хормушкиот теснец, ниту пак некого обвинија.

Иран беше првиот осомничен за нападот иако Вашингтон за тоа нема конкретни докази, истакна во понеделникот американски функционер близок до разузнавачката заедница.

Техеран отфрли дека стои зад нападите и ги опиша како „загрижувачки и страшни“ и повика на меѓународна истрага.

Американскиот амбасадор во Саудиска Арабија кажа дека Вашингтон мора да преземе „разумен одговор без почнување војна“ откако ќе дознае кој стои зад нападите.

„Конфликт не е во интерес на Иран, ниту пак во наш или саудиски интерес“, порача американскиот амбасадор.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе