Пад и стареење на популацијата

Драматично предупредување на ООН: Југоисточна Европа има проблем

Драматични падови на популацијата во Југоисточна Европа затоа што младите луѓе се иселуваат во странство, што е закана за можноста на земјите од регионот да ги одржуваат главните социјални услуги, предупредија Обединетите нации во понеделникот.

Според најновата процена на ООН, девет од 10 земји во кои најбрзо паѓа бројот на жителите се наоѓаат во Источна и Југоисточна Европа, изјави за Ројтерс Алана Армитаж, директорка на Популацискиот фонд на ООН за Источна Европа и Централна Азија.

ООН проценува дека до 2050 година Бугарија ќе изгуби четвртина од сегашното население и дека сите околни земји ќе губат население во наредните години затоа што повеќе луѓе се иселуваат отколку што се вселуваат, а и поради ниските стапки на наталитет.

„Поради помалиот број деца и поголемата емиграција, населението во Југоисточна Европа се намалува и старее, а за разлика од Западна Европа, нема тенденција на имиграција за да се пополни празнината“, рече Армитаж.

Во повеќето земји од Југоисточна Европа, помеѓу 1995 и 2035 година процентот на луѓето над 65 години во популацијата ќе биде двојно поголем, а во некои дури три пати поголем, проценува ООН.

Помалото работоспособно население го поставува прашањето за одржливоста на сегашниот систем на социјално осигурување, главно на пензискиот систем, рече Армитаж.

Повеќето земји веќе страдаат од сериозен недостиг од работна сила, што го попречува економскиот раст и ги уништува надежите за приближување кон Западна Европа.

Проблемот доведува до слаби плати, образование и обука, како и политичка неизвесност во сè уште главно државните економии, поради што младите луѓе сакаат да најдат подобро платена и поисполнувачка работа во странство.

Армитаж рече дека во сегашни услови може да биде тешко да се спречи емиграцијата и ниските стапки на наталитет.

„Како и да е, надежен начин за решавање на овие трендови... е да се идентификуваат стратегиите што водат кон зајакнување на човечкиот капитал и со тоа тековните предизвици да се претворат во можности“, рече таа.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе