Драматично предупредување на ОН: Деца во Авганистан ќе умираат од глад

Милиони Авганистанци, вклучувајќи деца, би можеле да умрат од глад ако нешто итно не се преземе за да му се помогне на Авганистан, кој е на раб на хуманитарна катастрофа, предупредија Обединетите нации и повикаа на одмрзнување на средствата за хуманитарни програми.

EPA-EFE

Извршниот директор на Светската програма за храна (ВФП) Дејвид Бисли кажа за Ројтерс дека 22,8 милиони луѓе во земјата со 39 милиони жители се соочуваат со акутна прехранбена несигурност и „одат кон глад“, што е голем пораст во споредба со 14 милиони само два месеци претходно.

„Деца ќе умираат. Луѓе ќе гладуваат. Нештата ќе станат многу полоши“, кажа тој во Дубаи.

„Не знам како да се спречи умирањето на милиони луѓе, особено деца, со недостиг на финансирање и колабирана економија“, додаде.

По талибанското преземање на власта во август западните земји и донаторите замрзнаа милијарди долари помош за Авганистан, чија економија зависи од странска помош.

Ситуацијата со недостигот од храна беше лоша во Авганистан и пред преземањето на власта на талибанците.

„Она што го предвидовме се случува многу побрзо од очекуваното. Кабул падна пред кој било да очекуваше, а економијата се урива уште побрзо од тоа“, кажа Бисли.

Истакна дека доларите наменети за развојна помош треба да се пренаменат за хуманитарна помош, што некои земји веќе го направија.

Исто така предложи пренасочување на замрзнатите средства низ агенцијата на ОН.

Светската програма за храна тврди дека ѝ се потребни 220 милиони долари месечно за делумно да нахрани 23 милиони ранливи луѓе во Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе