Драматично предупредување на германскиот министер за здравство: Ќе бидете вакцинирани, излечени или мртви

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан им упати на сите граѓани на Германија драматично предупредување и го повика населението што побрзо да се вакцинира против коронавирусот.

EPA-EFE

„Германците до зимата ќе бидат вакцинирани, излечени или мртви“, кажа министерот на прес-конференција. Поради сè поголемиот број новозаразени, Германија се подготвува за заострување на мерките против коронавирусот, по примерот на соседна Австрија.

Иако е свесен за тежината на своите зборови, Шпан кажа дека тоа е многу реално сценарио.

„Можеби звучи цинично, но е вистина. Со многу заразната делта варијанта тоа е многу, многу веројатно и затоа препорачуваме вакцинација што побрзо“, порача министерот.

На почетокот на оваа недела Германија бележи по 30.000 новозаразени за 24 часа, што претставува зголемување од околу 50 отсто во однос на минатата недела.

Болниците предупредија дека капацитетите за интензивна нега се речиси исцрпени, а некои пациенти мора да бидат префрлени во други оддалечени клиники.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе