Прекршен е договорот за примирје по Корејската војна

Драматична снимка од бегството на севернокорејскиот дезертер (ВИДЕО)

Командата на ОН под водство на САД објави видеоснимка од бегството на севернокорејскиот дезертер преку границата со Јужна Кореја, при што војниците од територијата на Северна Кореја пукаат во него и го гонат, додека јужнокорејските војници го спасуваат.

Снимката покажува како војникот со голема брзина со џип се спушта по пат со три ленти, а потоа со возилото слетува од патот, по што го гонат севернокорејски војници, пукајќи кон него додека тој ја преминува границата, пренесе Њујорк тајмс.

Потоа јужнокорејските војници доползуваат до него и го одвлекуваат на безбедно, додека севернокорејските војници се собираат од својата страна на границата.

Командата на ОН рече дека Северна Кореја го прекршила договорот за примирје со кој заврши Корејската војна, со тоа што војници на таа земја пукале преку границата и физички ја преминале во потерата по пребеганиот војник.

Севернокорејските војници во таа прилика испукале околу 40 куршуми, при што го раниле дезертерот.

Тој бил однесен во болница, каде што му биле извршени две хируршки интервенции.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе