Драматична порака на Петтата флота на американската воена морнарица

Земјите членки на Советот за соработка во Арапскиот Залив (ГЦЦ) почнаа засилени безбедносни патроли во меѓународните води на заливот, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека тоа на Фејсбук го објави Петтата флота на американската воена морнарица со седиште во Бахреин.

На социјалната мрежа е објавено дека земјите од ГЦЦ „особено ги зголемиле меѓусебната комуникација и координација за да ги поддржат регионалната поморска соработка и поморските безбедносни операции во Арапскиот Залив“.

Американската морнарица соопшти дека извела вежби во Арапското Море со воената група на носачот на авиони испратен во Персискиот Залив поради наводната, неодредена закана од Иран.

Морнарицата соопшти дека вежбите и обуката биле изведени со носачот на авиони УСС Абрахам Линколн во координација со американските маринци, одразувајќи ја „ефикасноста и агилноста на САД да одговорат на заканата“, како и дека одвраќаат од конфликт и ги штитат американските стратегиски интереси.

Во вежбите учествувале и амфибиска група и 22 експедициска морнаричка единица, исто така распоредени во зоната на операции на американската Петта флота во Персискиот Залив, пренесува Асошиејтед прес.

Бахреин, како сојузник на САД, ги предупреди вчера своите државјани да не патуваат во Ирак и Иран и побара од оние кои се веќе во тие земји веднаш да се вратат поради својата безбедност.

Како главна причина за соопштението бахреинското министерство за надворешни работи ги наведе „нестабилните регионални околности, опасниот развој и потенцијалните закани“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе