Драматична изјава на германскиот вицеканцелар: Катар и другите арапски земји би можеле да завојуваат

Спорот меѓу Катар и другите арапски држави би можел да заврши со војна, предупреди германскиот министер за надворешни работи и вицеканцелар Зигмар Габриел, иако истакна дека смета дека сѐ уште има надеж за смирување на тензиите. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, повика кризата да се реши до крајот на рамазан.

„Постои опасност овој спор да доведе до војна“, кажа Габриел во изјава за Франкфуртер алгемајне цајтунг, укажувајќи на „драматично“ заострување на односите меѓу земјите во Персискиот Залив.

Габриел кажа дека личните разговори во текот на неделата со колегите од Саудиска Арабија, Катар и Туирција и телефонските разговори со министрите за надворешни работи на Иран и Кувајт ги потврдиле неговите причини за загриженост.

„По моите разговори неделава знам колку е ситуацијата сериозна, но верувам дека постојат добри изгледи за напредок“, кажа шефот на германската дипломатија.

Турскиот претседател Ердоган му кажал на министерот за надворешни работи на Бахреин дека спорот меѓу Катар и другите арапски држави би требало да се реши до крајот на рамазан на 24 јуни, кажа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Ердоган во петокот вети целосна поддршка за Катар откако одобри испраќање турски војници во таа земја, која останатите арапски земји во понеделникот ја изолираа обвинувајќи ја дека поддржува тероризам и соработува со нивниот лут непријател Иран.

Чавушоглу истакна дека Турција продолжува да се обидува спорот да го реши со дијалог.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе