Драма во Тексас: рафално пукање во трговски центар, најмалку 18 мртви (ВИДЕО)

Повеќе лица се убиени во пукање во трговски центар Волмарт во Ел Пасо во Тексас, соопштија локалните власти, додавајќи дека осомничените за пукањето се во притвор, без да прецизираат за колку лица станува збор.

Полицијата објави дека добила дојава за вооружен напаѓач кој испукал рафал при што биле повредени неколку луѓе, пренесуваат американските медиуми.

Пукањето се случило во Волмарт, популарен синџир на продавници во САД.

„Нападот и понатаму трае, избегнувајте ја областа“, наведе полицијата на својот официјален профил на Твитер.

Локалната телевизија КТСМ објави дека 18 лица се застрелани во трговскиот центар, а КФОКС14 објави дека во пукањето настрадале најмалку десет луѓе.

Трговскиот центар се наоѓа на само неколку километри од американско-мексиканската граница.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе