Драма на Косово – сирени и детонации, засилено присуство на Еулекс и Кфор (ФОТО+ВИДЕО)

По општината Зубин поток и во северна Косовска Митровица одекнуваат сирени за воздушна опасност. Српските медиуми јавуваат и дека одекнуваат детонации.

EPA-EFE

Најпрво беше јавено дека членови на изборната комисија придружувани од косовската полиција насилно влегле во зградата на општината Зубин поток, поради што се побуниле граѓаните кои се нашле таму. Потоа беше објавено дека иста акција е спроведена и во северниот дел на Косовска Митровица.

Според медиумите, припадници на полицијата со членови на општинската комисија насилно упаднале во просториите на општината во Зубин поток, ги обиле вратите и ги замениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Белград: Курти со насилство сака да ги грабне четирите српски општини

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ соопшти дека косовскиот премиер Аљбин Курти денес на северот на КиМ испратил полиција за насилно да се обиде да подготви терен за одржување на нелегални избори и да ги грабне четирите српски општини.

„Станува збор за најбрутална демонстрација на сила и предизвикување нови тензии и провокации од страна на Приштина која со насилство и еднострани мерки се обидува да ги спроведе своите нелегални, незаконски и еднострани мерки и да предизвика нова дестабилизација на теренот“, наведе Петковиќ.

Тој оцени дека Курти ова го „темпирал и режирал“ додека во Тирана се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан, како што и за време на самитот во Берлин повика на уривање на Бриселскиот договор и апсење на Ненад Ѓуриќ.

„Вака изгледа демократијата и владеењето на правото на Курти – додека им забранува на Србите да учествуваат на избори и референдум, истовремено со пушки и насилство се обидува да ги спроведе своите избори на северот на покраината“, наведе Петковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе