Според босанските медиуми

Драма на аеродромот во Сараево, обезбедувањето на Ердоган се судрило со граничната полиција на БиХ

Вистинска драма се одвивала вчера на пистата на сараевскиот аеродром кога дошло до судир меѓу припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и членови на личното обезбедување на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Кликс.

При слетувањето на авионот во кој се наоѓала делегацијата на Турција на чело со Ердоган, членови на неговото обезбедување поради недолично однесување и одбивање на процедурите и редовната контрола дошле во вербална, а потоа и во кратка физичка пресметка со припадници на Граничната полиција на БиХ која е надлежна за Меѓународниот аеродром во Сараево.

По кавгата почнало туркање, а како што дознава Кликс, членови на турското обезбедување од авионот земале оружје и го ставиле на појасите, а сѐ се смирило кога од авионот излегол Ердоган.

Инцидентот за Кликс го потврдил директорот на Граничната полиција на БиХ Зоран Галиќ кој го пофалил професионализмот и реакцијата на припадниците на полициската агенција.

„Оние кои доаѓаат во БиХ ќе мора да ги почитуваат законите на БиХ, а не да се обидуваат да бидат над нив. Ја пофалувам реакцијата на единицата на Граничната полиција на БиХ бидејќи ако не биле тие професионални и на нивото на кое треба да бидат, ќе дошло до отворен конфликт“, кажа Галиќ и додаде дека членовите на Претседателството на БиХ кога патуваат во странство секогаш ги почитуваат законите на другите држави.

Членови на Ердогановото обезбедување и порано, како што дознава Кликс, при доаѓањето во БиХ искажувале арогантно однесување, а денес предизвикале реакција на Граничната полиција.

Турската делегација престојува во Сараево поради самитот на Процесот за соработка на југоисточна Европа, кој се одвива на министерско и претседателско ниво во Сараево и на Јахорина.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе