Досега невидена четиридневна прослава: кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон (ВИДЕО)

Кралицата Елизабета денеска одбележува цели седум децении владеење како првиот британски монарх што поминал толку долго на тронот. Платинестиот јубилеј на кралицата е обележан со низа настани и свечености, кои почнуваат денес и ќе траат до недела.

Фото: ЕПА

Кралицата Елизабета им се заблагодари на сите што ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платинест јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон

Милиони луѓе низ цела Британија и светот денеска ќе ѝ се придружат на прославата на 96-годишната кралица, која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.

„Им благодарам на сите што учествуваа во собирањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинеста годишнина, во Обединетото Кралство и Комонвелтот“, рече Елизабета.

„Продолжувам да се инспирирам од добрата волја што ми е покажана и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години, додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам.“

Фото: ЕПА

Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс, и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствува 62-годишниот принц Ендрју, кој во февруари се спогоди во случајот во кој беше обвинет за сексуално злоставување малолетничка, а на балконот на Бакингемската палата нема да биде ни принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

Прославата почна со воена парада во центарот на Лондон, а за прв пат Елизабета поздрави околу 1.500 војници од балконот на Бакингемската палата.

Армијата напладне ќе изведе почесен плотун во чест на кралицата во Лондон и низ Британија.

Четврток не е само почеток на јубилејот, туку е и 69-годишнина од крунисувањето на Елизабета, која стана кралица по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести, во февруари 1952 година.

Анкетите покажуваат дека Елизабета и понатаму е многу популарна меѓу Британците. Една анкета, спроведена неделава, покажува дека осумдесет отсто од нив имаат позитивно мислење за неа, а три четвртини сметаат дека добро си ги исполнува должностите.

В петок во катедралата Свети Петар ќе се одржи миса на благодарноста, а в сабота кралското семејство ќе присуствува на коњската трка Епсом Дерби.

Истиот ден пред Бакингемската палата ќе се одржи концерт на кој меѓу другите ќе настапат Квин, Алиша Кис и Дајана Рос.

По повод роденденот на кралицата беа доделени голем број медали.

Актерот Демијан Луис, писателот Иан Ранкин и поранешната премиерка на Северна Ирска Арлин Фостер беа меѓу повеќе од 1.100-те одликувани од британската кралица Елизабета.

Фото: ЕПА

Пописот, објавен по повод официјалниот роденден на 96-годишната кралица, им оддава почит на примателите за нивните „извонредни“ придонеси; повеќето награди се признание за јавна служба или општествено корисна работа.

Луис, кој доби Златен глобус за неговата улога во ТВ-драмата „Хоумленд“, е прогласен за заповедник на Редот на Британската империја за заслуги во актерството и добротворството, бидејќи почна кампања со неговата покојна сопруга Хелен Меккрори за собирање 1 милион фунти за обезбедување храна за здравствените работници за време на пандемијата.

Фостер, која служеше како прв министер во британската покраина помеѓу 2016 и 2021 година, и писателот на криминални романи Иан Ранкин, креаторот на познатата серија „Инспектор Ребус“, добија витешки титули.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе