Разговор со новинари на Вашингтон пост

Досега необјавена снимка: новинарот Кашоги за саудискиот принц Мохамед и саудиското општество (ВИДЕО)

Неколку месеци пред исчезнувањето и, како што сега потврдија саудиските власти, убиството во козулатот на таа земја во Истанбул на 2 октомври, Џамал Кашоги разговара со новинарот на Вашингтон пост Џејсон Резајан и уредничката Карен Атија.

Вашингтон пост објави аудио снимка во која Кашоги зборува за состојбата во Саудиска Арабија, како и за принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.

„Саудиска Арабија е земја од 20 милиони луѓе, од ки две третини се млади луѓе, по триесет години“, истакнува Кашоги, кажувајќи дека принцот Мухамед со прашањата како економијата и религијата сака да се позанимава со забрзано темпо.

„Треба да се потсети дека Саудиска Арабија е основана како исламска држава, дека е основана со мечот на религијата“, на што колегата истакнува внимание дека мечот е на знамето на земјата.

„Да, тоа никогаш не била секуларна држава. Секогаш владеел шеријатот. Тоа е последната земја во која владее шеријатот, некогаш се чукавме во градите поради тоа“, додава Кашоги.

Кралот Фахд, кој владееше со земјата од 1982 до 2005 година, потсетува Кашоги, ја создаде формулата за постоење на две паралелни Саудиски Арабии – религиозна и либерална – но ни тоа не успеа.

„Мохамед бин Салман можеби има идеја да го реши ова прашање. Не знаеме сѐ уште како, но се обидува да го направи тоа. Би можеле тоа да го опишеме со прашањето „Кој ислам? Која е улогата на исламот?““, наведува Кашоги.

Бин Салман, според неговата оценка, се обидува да го воведе „моделот на Дубаи“.

„А тоа е – помалку ислам и давање општествени, но не и политички слободи на граѓаните“, вели Кашоги.

Како што вели на снимката, и луѓе кои не се против неговите колумни често му кажувале дека „не е вистинското време“ да се зборува за некои нешта.

„Немаат замерки на тоа што го пишувам, туку само велат – во овој момент треба да дадеме поддршка“, вели Кашоги, оценувајќи дека саудиското општество е далеку од демократија.

„Демократиите во Америка, Финска Данска... ги прават владетелите понизни. Ги прават владетелите одговорни и пред најневажниот човек на улицата. А нашите лидери? Не. Тие себеси се гледаат како лидери кои знаат сѐ“, заклучува Кашоги.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе