Доналд Трамп сака да купи нова недвижнина: Гренланд

Некои од неговите советници го поддржале концептот, велејќи дека тоа е добар економски потег, објави Вол стрит џурнал.

Американскиот претседател Доналд Трамп изразил интерес за можноста за купување на Гренланд - автономна територија на Данска во Северна Америка, објави во четвртокот Вол стрит џурнал.

„На состаноци, на вечери и во попатни муабети Трамп ги прашуваше советниците дали САД можат да го стекнат Гренланд и заинтересирано слушаше кога тие разговараа за неговото изобилство од ресурси и за геополитичката важност“, вели весникот. Луѓето запознаени со ова прашање рекле дека „Трамп, со различни степени на сериозност, постојано изразуваше интерес за купување на автономната данска територија покриена со мраз меѓу Северноатлантскиот и Арктичкиот Океан“.

„Некои од неговите советници го поддржаа концептот, велејќи дека тоа е добра економска игра, рекоа двајца луѓе, додека други го отфрлија како безначајна фасцинација што никогаш нема да се оствари“, вели ВСЏ и додава дека „за американските функционери Гренланд е важен за американските национално-безбедносни интереси“.

Вол стрит џурнал истакна дека „на вечера со соработниците минатата пролет, Трамп рекол дека некој на тркалезна маса му кажал дека Данска има финансиски проблеми со својата помош за Гренланд и предложил дека треба да размисли да го купи островот“.

Трамп својата прва посета на Данска треба да ја оствари во почетокот на следниот месец.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе