Доналд Трамп повика да се одложат ноемвриските претседателски избори

Доналд Трамп побара претседателските избори во ноември да бидат одложени и рече дека масовното гласање по пошта може да доведе до измама и неточни резултати.

Фото: ЕПА

Тој предложи одложување додека луѓето да можат да гласаат „правилно, сигурно и безбедно“.

Нема многу докази што ги поткрепуваат тврдењата на Трамп, вели Би-би-си, но тој долго време се спротивставуваше на гласањето по пошта, за кое рече дека е подложно на измами.

Американските држави сакаат да го олеснат гласањето по пошта, поради загриженоста за јавното здравје поради пандемијата на коронавирусот.

Трамп на Твитер напиша дека поради „универзалното гласање по пошта“ гласањето во ноември ќе биде едно од „најнеточните и измамнички избори во историјата“ и „голем срам за САД“.

Претходно месецов шест американски држави планираа изборите во ноември да ги одржат по пошта: Калифорнија, Јута, Хаваи, Колорадо, Орегон и Вашингтон.

Овие држави автоматски ќе им испратат поштенски гласачки ливчиња на сите регистрирани гласачи, кои потоа треба да бидат вратени по пошта или уфрлени во кутиите на денот на изборите - иако во одредени ограничени околности може да се одржи и гласање на гласачки места.

Околу половина од американските држави дозволуваат секој регистриран гласач по барање да гласа по пошта.

Критичарите на поштенското гласање тврдат дека луѓето би можеле да гласаат повеќе од еднаш преку гласачките ливчиња на отсутни граѓани или лично. Трамп порано има изјавено дека постои ризик „илјадници и илјадници луѓе да седнат во нечија дневна соба, масовно потпишувајќи гласачки ливчиња“.

Сепак, нема докази за можна масовна измама, според многуте студии на национално и на државно ниво низ годините.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе