Домородците на Амазонија „ќе се борат до последната капка крв“ за најголемата светска прашума (ВИДЕО)

Додека страшните пожари ја пустошат Амазонската прашума, припадниците на автохтоното бразилско племе Мура се колнат дека до последните сили ќе ја бранат својата земја, пренесува Би-би-си.

Најголемата светска прашума Амазонија е огромен резервоар на јаглерод диоксид со што го забавува темпото на глобалното загревање. Ја викаат и „белите дробови на планетата“ бидејќи обезбедува 20 отсто од целиот светски кислород.

Во Амазонската прашума живеат околу милион домородци, а таа е и дом на околу три милиони видови растенија и животни.

„Ова е целосно уништување. Ако треба, ќе ја дадам и последната капка крв за да ја спасам оваа шума“, вели Рајмундо Мура, припадник на племето Мура.

„Сите овие дрвја некогаш беа живи и имаа право на тоа. Сега луѓето сакаат да ги уништат. Ние ќе се обидеме да го заштитиме ова подрачје – природата, дрвјата и животните“, додаде тој.

„Со години сме тука, додека сѐ уште немаше струја или пристапни патишта. А сега секој ден се соочуваме со расчистување на шумите и грабање на земјата. Тажни сме бидејќи шумата постојано умира“, вели Хандех Вакана Мура, припадник на истото племе.

„Уште сега приметуваме дека се менува климата. На светот му е потребна оваа шума. Потребна ни е на нас и на нашите деца“, додава тој.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе