Истанбул

Домар на судењето кажа дека ја вклучил печката по убиството на Кашоги

Вработен во саудискиот конзулат во Истанбул во петокот пред турскиот суд изјави дека морал да ја вклучи печката помалку од еден час откако саудискиот новинар Џамал Кашоги влегол во зградата каде што бил убиен.

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Зеки Демир, домар во конзулатот, сведочеше на првиот ден од судењето во отсуство на дваесетмина саудиски функционери за убиството на Кашоги, што предизвика згрозеност низ целиот свет и го наруши имиџот на саудискиот престолонаследник.

Демир кажа дека бил повикан во резиденцијата на конзулот откако Кашоги влегол во блискиот конзулат по документи.

„Таму имаше пет, шест лица... Побараа од мене да ја вклучам печката. Можеше да се почувствува паника во воздухот“, рече тој.

Кашоги исчезна откако влегол во конзулатот по документи што му биле потребни за неговата венчавка во октомври 2018 година. Некои западни влади и ЦИА веруваат дека убиството го наредил саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, но тие обвинувања саудиските власти ги отфрлаат.

Турските власти соопштија дека една од теориите што полицијата ги истражува е дека убијците на Кашоги се обиделе да се ослободат од телото така што го запалиле, откако го задавиле и распарчиле.

На обвинетите им се суди во отсуство и тешко е да се верува дека Саудиска Арабија некогаш ќе ги екстрадира. Ријад ја обвинува Турција дека не соработувала во одделното, во голема мерка тајно судење во главниот саудиски град минатата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе