Долж полската граница со Белорусија поставена е ограда долга 140 километри (ВИДЕО)

По должината на границата со Белорусија, завршено е поставувањето на околу 140 километри ограда, соопштија полските власти, сакајќи да спречат повторување на минатогодишната криза кога огромен број мигранти навалија на границата.

Фото: скриншот

Според видеото што во неделата го објави државната гранична патрола, во наредните денови ќе започне работата на поставувањето сензори и камери на оградата. На снимката се гледа висока ограда во близина на која патролираат возила.

Полската граница со Белорусија долга 418 километри беше во фокусот на миграциските движења минатата година, особено кога илјадници луѓе пристигнаа таму ненајавено. Ова наводно било како резултат на белоруските власти кои ги повикале во Белорусија, а потоа ги транспортирале до границата со надеж дека ќе создадат криза.

Многу мигранти кои успеале да стигнат до границата доаѓале од воени зони. Кризата го доживеа врвот во потоплите летни и есенски месеци во 2021 година, а потоа со почетокот на зимата дошло до затишје.

Со оглед на тоа што температурите сега повторно се зголемуваат, полските власти известуваат за пристигнување на зголемен број бегалци. Во саботата, полските власти пријавија дека привеле 14 лица кои се обиделе да преминат во Полска од Белорусија.

Полјаците лани во август подигнале импровизирана ограда, а од јануари таа постепено била заменета со ограда висока пет и пол метри со сензори за движење и камери. Работите на доизградба на оградата треба да завршат до крајот на јуни, а за таа намена од буџетот се издвоени околу 366 милиони евра.

Полските власти исто така најавија дека ќе ги укинат ограничувањата на 1 јули поради кои, во екот на кризата, се создавала три километри широка забранета зона долж границата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека таквите ограничувања повеќе нема да бидат потребни откако ќе се заврши поставувањето на оградата.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе