„Финансиска Ирма“

Долгот на САД достигна 20,16 билиони долари

Долгот на Соединетите Американски држави сега и официјално изнесува 20 билиони (милион милиони) долари.

Прагот е преминат кога Белата куќа му дозволи на министерството за финансии да позајми дополнителни пари. Според податоците на сајтот Ју-ес дебт клок (US Debt Clock), американскиот национален долг од вторникот изнесува 20,16 билиони долари. тоа е приближно 62.000 долари по човек и над 167.000 долари по даночен обврзник.

Износот на долгот беше на исто ниво од март поради горната граница која беше претходно поставена, бидејќи на министерството за финансии му беше забрането да позајмува пари.

Меѓутоа, американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша закон со кој горната граница се суспендира до 8 декември. Министерството за финансии на САД сега може да позајмува пари до тој датум.

Откако Трамп стана претседател на САД, долгот е зголемен за 215 милијарди долари. Најголемите ставки во буџетот се здравството, социјалното осигурување и војската.

Конгресната канцеларија за буџет, федералната агенција која го информира Конгресот за буџетот, соопшти дека федералниот јавен долг во моментов е на највисоко ниво од Втората светска војна.

Ако моменталните закони останат на сила, порастот на буџетскиот дефицитт нагло ќе биде зголемен во следните 30 години. Според предвидувањата на Конгресната канцеларија за буџет, дефицитот би можел да достигне дури до 150 отсто од БДП до 2047 година.

Вкупниот американски долг, комбинацијата од владиниот, бизнис и потрошувачкиот долг, е сѐ поблиску до сумата од 68 билиони долари.

За осумте години на владеењето на претседателот Барак Обама долгот на земјата порасна од 10,63 билиони речиси двојно. Во услови на раст на БДП од околу три отсто годишно и рекордно ниска стапка на Федералниот систем на резерви од 0,25 до 0,5 отсто отплатата на долгот не беше проблем. Но, на крајот на 2016 година Федералниот систем на резерви почна со нормализација на монетарната политика. По состанокот во јули стапката е одржувана на ниво од 1 до 1,25 отсто на годишно ниво.

Трамп неколку пати кажа дека американскиот долг треба да се намали, но беше принуден да се сложи со зголемувањето на државниот долг поради сѐ поголемите општествени обврски на администрацијата во рамките на буџетот.

Јавниот долг на САД во реално време можете да го следите тука.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе