Доктор од САД ја вакцинирал сопругата и хронично болни лица со вишокот дози и добил отказ

Докторот Хасан Гокал добил отказ откако вакцинирал луѓе со преостанатите дози од отворено шишенце од вакцината на Модерна.

Screenshot

На докторот од Тексас му останале десет дози вакцина против ковид-19, на кои им истекувал рокот за шест часа, и тој ги искористил за да вакцинира хронично болни лица, вклучувајќи ја и својата сопруга. Наскоро добил отказ.

За време на доцните вечерни часови во декември, на Гокал му останало отворено шишенце вакцина против ковид-19 и имал само шест часа да најде десет лица што би можел да ги вакцинира пред да истече рокот на употреба.

Тој повикал познаници, но и непознати за кои чул дека се хронично болни и ги повикал во својот дом во близина на Хјустон. Меѓу нив имало и неподвижна личност, 80-годишна жена со деменција и мајка со дете кое има проблеми со дишењето.

После полноќ и многу брзо пред истекот на рокот на употреба, Хасан Гокал ѝ ја дал последната доза на својата сопруга која страда од белодробно заболување и има проблеми со дишењето.

Гокал поради овие постапки бил отпуштен од државната служба, а потоа бил обвинет за кражба на 10 дози вакцина во вкупна вредност од 135 долари.

„Сè ми се сруши. Боже, тоа беше најнискиот момент во мојот живот“, изјави Гокал за Њујорк тајмс во петокот.

Кон крајот на јануари, судија го отфрли обвинението како неосновано, но обвинителите одлучиле да покренат тужба на повисоко ниво.

Хасан Гокал (48) дошол во САД од Пакистан како момче и подоцна се едуцирал за лекар. Откако некое време работел во болница во Њујорк, тој се преселил во Тексас во 2009 година за да го предводи Одделот за итна медицина во приградска болница во Хјустон. Тој исто така работел како волонтер и во 2017 година помогнал во обновата на домовите и пружал медицинска помош по ураганот Харви.

Кога на почетокот на 2020 година започна пандемијата, тој живеел еден месец во хотел и одделен стан за да не ја зарази својата сопруга Марија (47), која има белодробна саркоидоза. За среќа, рече тој, наскоро бил префрлен во нов оддел и му била дадена задача водач на ковид тим. Имал пониска плата, но бил помалку изложен на заразени лица отколку кога работел во Службата за итни случаи.

На 22 декември, Гокал учествувал на онлајн состанок каде државните службеници им го објасниле на медицинскиот персонал протоколот за вакцинација со вакцината Модерна. Тие објасниле дека со 10 или 11 дози во шишенце може да се вакцинира во рок од шест часа по отворањето, бидејќи после тоа истекува рокот на употреба.

Упатството било да се вакцинираат прво оние од категоријата 1а (здравствени работници), а потоа и оние од категоријата 1б (лица над 65 години или оние со хронични здравствени проблеми). На конференцијата било речено дека потоа да се вакцинира кој да треба, бидејќи „не смее да пропадне ниту една доза“.

На 29 декември, Гокал ја надгледувал вакцинацијата на здравствените работници. Темпото било бавно и не биле дадени повеќе од 250 дози. Кон крајот на вакцинацијата, околу 18:45 часот, медицинска сестра отворила уште едно шишенце и сега требало да се дадат десет дози од вакцината во рок од шест часа.

Прво повикал разни здравствени работници, но оние што биле во установата веќе биле вакцинирани или одбиле од друга причина. Потоа, на пат кон дома, тој на телефон повикал свои познаници и ги прашал дали познаваат луѓе со хронични болести што може да ги вакцинира.

Кога стигнал до својата куќа, пред влезот го чекале жена во 60-тите години со срцеви проблеми и жена во раните 70-ти. Ги вакцинирал.

Потоа се возел до неколку други лица со висок ризик, вклучувајќи маж во доцните 60-ти години со здравствени проблеми, неподвижна 90-годишна жена и 80-годишна жена со деменција. Како што поминало полноќ, а останало уште една доза, тој со неа ја вакцинирал сопругата.

Тоа не беше мојата првична намера, но за половина час можев да ја фрлам вакцината во канализација“, рече Гокал.

Следното утро, лекарот ги предал сите записи за вакцинација во болницата. Тој ги информирал претпоставените за сите дадени дози, вклучувајќи ја и онаа што ѝ ја дал на својата сопруга и изјавил зошто го сторил тоа.

Неколку дена подоцна, надзорникот на болницата и директорот за човечки ресурси го повикале во канцеларијата и го прашале дали дал 10 дози надвор од распоредот за вакцинација на 29 декември, на што тој одговорил потврдно. Тој веднаш добил отказ.

Му беше кажано дека го прекршил протоколот и требало да ги врати преостанатите дози во канцеларија или да ги фрли.

Гокал остана без работа, неговата сопруга сега има проблеми со спиењето, а децата се загрижени. Од болницата му било речено да не се враќа се додека не се реши неговиот случај.

Времето го поминува волонтирајќи во непрофитна здравствена клиника за оние кои немаат здравствено осигурување.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе