Министерот за финансии Гернот Блимел и министерката за туризам Елизабет Кестингер истакнаа дека доколку ЕУ воведе ваква забрана, тие ќе бидат принудени да побараат обесштетување.
Претседателот на Трговската комора на Австрија, Харалд Марер смета дека во Австрија нема никакви пречки за скијање.
„Не ја поддржувам иницијативата на Италија. Зимскиот одмор во Австрија ќе биде безбеден. Нашите туристички работници веќе го сменија сеопфатниот безбедносен концепт за скијачки одмор и како дел од тоа ги укинаа апре ски-забавите“, објасни Кестингер.
Таа истакна дека туризмот и угостителството не се одговорни за високата стапка на инфекција.
„Ако ЕУ размислува за такви ограничувања, тогаш ќе мора да се погрижи за надоместување на штетата предизвикана врз погодените“, рече Кестингер, потсетувајќи дека околу 700.000 работни места во Австрија се поврзани со туризмот и индустријата на забава.
Министерот Блимел вели дека затворањето на ски центрите значи трошок до две милијарди евра.
„Ако ЕУ навистина размислува за затворање, тогаш треба да плати за тоа“, рече тој.
Во исто време, Блимел предложи Брисел директно да ѝ ги пренесе парите на австриската држава, која потоа ќе ги распредели на погодените компании или ова да се реши преку намалување на придонесот на Австрија во касата на Унијата.
Во исто време, Марер истакна дека зимскиот туризам е особено важен извор на приходи.