Му пришол на обезбедувачот

„Дојдов да го убијам Трамп“, рекол маж со нож пред Белата куќа, па го уапсиле

Маж што носел нож е приведен пред Белата куќа. Тој на членовите на американската Тајна служба им рекол дека го донел оружјето за „да го убие“ Доналд Трамп.

Осомничениот сам му пришол на обезбедувачот што патролирал пред претседателската резиденција и му го кажал својот план. „Сакам да го убијам Трамп и имам нож за да го сторам тоа“, рекол тој, според полицискиот извештај, до кој дошол Асошиејтед прес.

Кога го претресла, полицијата кај него покрај ножот нашла и празна футрола за пиштол.

Тој бил приведен, а потоа бил однесен во болница заради психијатриска процена, соопшти полицијата.

Излегло дека тој бил „критично исчезнат / загрозен човек, како и со нарушено ментално здравје“ од месноста Брендон на Флорида. Во моментов е нејасно колку време бил исчезнат и како успеал да ги помине тие 1.500 км меѓу Брендон и градот Вашингтон.
 
Според неговиот распоред, во моментот на инцидентот претседателот Трамп најверојатно бил внатре во Белата куќа. Сепак, тој немал планови да излегува од резиденцијата во текот на денот.

Роџер Хеџпет (25) е уапсен вчера под обвинение дека се заканувал дека ќе нанесе телесни повреди, соопшти полицијата. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе