Додик: Западните вакцини против коронавирусот предизвикуваат неплодност, само руската е добра

Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик истакна дека вакцините против коронавирусот развиени на Западот се проблематични и дека покрај другото предизвикуваат стерилност, па затоа тој ќе се вакцинира со вакцината од Русија.

EPA-EFE

„Јас верувам во тоа и не верувам во комерцијалните приказни кои доаѓаат од Западот. Во Русија вакцината ја прави државата и ги вакцинира своите жители. Тоа значи дека треба да се има доверба. За разлика од овие претенденти кој попрво ќе направи вакцина на Западот... Секакви шпекулации има тука – дека вакцините од Западот ќе влијаат врз стерилитетот на населението и многу други нешта што не можете да ги знаете“, кажа Додик за РТРС.

Затоа најави дека Република Српска за своето население ќе набави вакцина исклучиво од Русија, игнорирајќи го фактот дека за тоа нема согласност од Агенцијата за лекови и медицински средства на БиХ без чие одобрување во земјата не можат да се увезуваат странски медицински препарати.

Додик ова го кажа по повод посетата на БиХ на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и најави дека ќе инсистира на тоа да се разјаснат обвинувањата за малигното руско влијание врз состојбата во БиХ кои стигнуваат од Западот, но и од неговите колеги од државниот врв.

„Русија нема никаква негативна улога во БиХ“, истакна Додик чија теза е дека вистинските проблеми всушност доаѓаат од Западот.

„Општ е нападот врз Србите, како што гледате. Доаѓаат од Америка и Европа на многу места. На тапет е Србија, на тапет е српскиот народ, РС, (српскиот претседател Александар) Вучиќ и сите ние кои го претставуваме српскиот народ“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе