Додик на прашањето да ја искоментира изјавата на Курти дека „Република Српска е закана за стабилноста на Западниот Балкан“, кажа дека „од лажен премиер на лажна држава не се очекува ништо друго освен лаги.
Според Додик, Курти е познат како личност која не ги почитува договорите и која ја дестабилизира јужната српска покраина, а сега, како што наведе, „си дал за право да дели лекции по регионот“.
„Кога веќе се дрзнал да ја коментира Република Српска, тогаш би било попаметно да каже дека Република Српска би требало да има ист статус како Косово“, порача Додик.
Курти оцени дека РС станала своевиден Калининград (руската енклава меѓу Полска и балтичките земји) во регионот.