Додик за БиХ: Ќе се распадне поради тоа што е нефункционална

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека многумина се обиделе да ја искористат приказната за спорниот нон-пејпер за менување на границите на Западниот Балкан „за да го насочат нападот врз Република Српска“.

EPA-EFE

„Не може да се скрие фактот дека во европските структури сè повеќе се зборува за евентуална промена на границите во регионот“, кажа Додик.

„Нон-пејперот значи дека е необврзувачки и сите скокнаа да го коментираат. Некој тоа го прави од различни причини и зборуваат што им одговара“, кажа Додик, додавајќи: „Никој не може да го скрие фактот дека за тоа сè повеќе се зборува во европските структури“.

„Но европските структури функционираат и врз основа на некој вид виртуелна реалност или некаква виртуелна цел според која нема да се разбере ситуацијата во БиХ“, кажа Додик.

Тој кажа дека европските структури и понатаму „го туркаат ветувањето дадено на муслиманите во 1995 година – дека ќе им направат држава по нивен терк, а проблемот е што Република Српска се спротивстави на тоа“.

„Хрватите веќе се доведени во таа позиција да се безначајни затоа што Бошњаците се мнозинство над нив и сега проблемот е само РС, а бидејќи Милорад Додик ја води РС, тој е одреден како виновник“, кажа тој.

Додик истакна дека е лично посветен на тоа Република Српска да биде независна држава и не го крие тоа, но дека не сака поради таа цел да бидат мобилизирани луѓе и за тоа да има војна.

„Никогаш не сум повикал некого во војна, ниту сум се обидел да направам нешто во таа смисла, но уверен сум дека БиХ ќе се распадне бидејќи во неа никој повеќе нема да сака да работи“, кажа Додик и додаде дека нефункционалноста на БиХ води кон тоа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе