Додик за Радиотелевизија на Република Српска (РТРС) кажа дека „тие воведуваат санкции, кажуваат што и кој треба да прави. Кога кажуваме дека ќе ги решаваме сите прашања во БиХ во согласност со уставот, тие велат дека тоа е проблем“.
Додик истакна дека американскиот претставник за Западниот Балкан Габриел Ескобар јасно му кажал дека актуелната политика е поважна од уставот.
„Ескобар ми кажа да ги оставам уставот и законот, важни се политиките. Кога одбив, тогаш бев на удар на санкциите. Последиците по нашата економија не се мали. Како тоа ќе изгледа за некоја година, тешко е да се процени денес. Ова е тешко и интересно време, но да се зачува мирот е прашање на сите нас и нашите животи“, кажа српскиот член на Претседателството на БиХ.