Додик верува дека до 2030 Република Српска ќе биде независна држава

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик ги повика граѓаните да веруваат во Република Српска и во она што го кажуваат нејзините институции, како и дека верува дека РС ќе биде независна држава до 2030.

EPA-EFE

Единственото нешто кое може да ја урне Република Српска, порача Додик, е колебливото национално лидерство кое лесно би се согласило да се откажат од она што се бореле.

Додик укажа дека група западни земји на овие простори го прифатиле муслиманскиот концепт, но дека ниедна генерација српски политичари не ги прифатиле како рамноправни соговорници.

„Сега политичката логика наложува да се обединиме околу идејата која се вика Република Српска“, кажа Додик, кој верува дека РС ќе биде независна држава до 2030 година.

Истакна дека би сакал да престане американската доминација во политичките притисоци, истакнувајќи дека сите знаат дека БиХ не може да функционира, дека нема консензус и дека муслиманите сакаат да ги потчинат Србите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе