Додик вели дека Русија сака да гради гасовод во Република Српска

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека интерес на Русија е да ја јакне соработката и да изгради гасовод на територијата на Република Српска во Босна и Херцеговина, за што разговарал со рускиот премиер Дмитриј Медведев за време на неговата посета на Белград.

„Нивниот интерес е јасен. Тие сакаат да изградат гасовод и сакаат магацини за енергенси да бидат присутни на овој простор“, изјави Додик за Радиотелевизија на Република Српска (РТРС).

Додик во саботата заедно со претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ во Белград разговараше со рускиот премиер Дмитриј Медведев. Тој објасни дека Русите имаат интерес своите енергенси да ги дистрибуираат и во овој регион.

Додаде и дека постојат лобија кои сакаат да го сопрат продорот на рускиот гас и дека САД имаат свои бизнис планови кои не се поклопуваат со руските.

„Ние тука треба да го избереме она што е поевтино и за нас долгорочно посигурно“, кажа Додик.

Кажа и дека со рускиот премиер разговарал за тоа зошто во БиХ сѐ уште не е формирана власта, а според него пречката е прифаќањето на годишната национална програма (АНП) на реформи со НАТО.

Русија, според Додик, на овој план не води „агресивна политика“.

Медведев во саботата престојуваше во еднодневна посета на Србија каде се сретна со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ и присуствуваше на одбележувањето на 75-годишнината на ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе