Додик вели дека нема да прифати закон за забрана на негирање на геноцидот

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик кажа дека претставниците на српскиот ентитет нема да прифатат закон за негирање на геноцидот ако го наметне високиот меѓународен претставник Валентин Инзко, што австрискиот дипломат го најави како можност.

„Ние тоа го отфрламе, како и претходните одлуки кои ги носеа високите претставници, бидејќи тоа не е во согласност со Дејтонскиот договор. Тоа е меѓународен криминал и насилство“, кажа Додик на прашањето за Инзковата најава за употреба на овластувањата да наметне закон за негирање геноцид.

Додик објасни дека таквите потези на меѓународната управа би претставувале незаконско и противдејтонско однесување и го повика првиот човек на меѓународната управа во БиХ „да се прибере и да си оди ако веќе нема што да работи во БиХ“.

Инзко во четвртокот во програмата на државната радиотелевизија БХРТ откри дека во Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) се подготвува закон за забрана на негирање на геноцидот кој, ако го одобри државниот парламент, би можел да биде наметнат.

„Јас ќе причекам неколку недели. Во меѓувреме моите луѓе во правниот оддел работат на некои елементи на тој закон за забрана на негирање на геноцидот. Мислам дека е тоа културолошки, морален и етички императив, да се направи такво нешто и Босна и Херцеговина тогаш би била како другите земји кои го казнуваат негирањето на холокаустот“, кажа Инзко.

Тој истакна дека е многу важно во следната година, кога ќе биде одбележана 25-годишнината од масакрот во Сребреница, државниот парламент да донесе таков закон.

Во Сребреница летото 1995 беше извршено најтешкото злосторство на тлото на Европа по Втората светска војна кога српските сили ликвидираа над 8.000 бошњачки мажи, според тврдењата на бошњачката страна. Денешните српски власти ги негираат размерите на злосторството како и дека бил извршен геноцид.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе