Додик: Усвоениот документ не прејудицира членство на БиХ во НАТО

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека никаков документ кој прејудицира членство во НАТО не е усвоен на вчерашната седница на Претседателството на БиХ, туку Програма за реформи на БиХ.

„Отворено во тој документ се вели дека документот е сет реформи и дека тие не прејудицираат членство и за секаков вид движење кон членство во НАТО е потребна нова одлука на Претседателството ан БиХ и на Парламентарното собрание и дека одлуките ќе се носат во согласност на ставовите на сите органи на власта“, кажа Додик.

Наведувајќи дека ги разбира „овие од опозицијата“ и дека „гледа дека се гневни“, тој кажа дека би требало да „престанат да се лутат“.

„Го разбирам и тоа што тие долго неоправдано седеа на местата во органите на власта на БиХ и со ова им се руши привилегијата и обидите да се направат нешта што не се во согласност со ставовите на собранието на Република Српска“, кажа тој.

Тој по вчерашната седница на Претседателството на БиХ од Сараево отпатува за Белград, каде се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Претседателството на БиХ на вонредна седница одржана вчера во Сараево донесе одлука за именување нов премиер на БиХ и во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот Програма за реформи на БиХ.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе