Додик стави вето на посетата на Ѓукановиќ на БиХ

Народното собрание на Република Српска ја поддржа утринава изјавата на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик за прогласување на одлуката на Претседателството за посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ како штетна за виталните интереси на РС.

Изјавата ја поддржаа сите 56 присутни пратеници, никој не беше против, ни воздржан. Пратениците на опозицијата не учествуваа во гласањето, пренесува Аваз.

Пратениците ја потврдија изјавата на Додик според која заклучокот за утврдување на официјалната посета на претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ на БиХ на 2 и 3 март усвоен без консензус е многу штетен по виталните интереси на Република Српска.

Прифатена е и одлука за потврдување на изјавата на Додик дека одлуката за прифаќање на договорот за статусот меѓу БиХ и ЕУ за активностите кои ги спроведува Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) на територијата на БиХ усвоена без консензус е многу штетна по виталните интереси на РС.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе