„Би морале да им дадат 30 отсто од парламентот на Албанците“

Додик: Србија тешко би поднела враќање на цело Косово во нејзиниот состав

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Србија тешко би го поднела враќањето на цело Косово во својот состав.

Додик за српски Курир изјави дека со враќање на цело Косово во надлежност на Србија Албанците би добиле шанса значително да влијаат врз политичкиот живот на Србија, бидејќи би сочинувале околу 20 отсто од гласачкото тело.

„На Албанците би морале да им дадете 30 отсто од пратеничките места во српската Скупштина, па и битни државни позиции како премиер, претседател на парламентот, државата... Албанскиот јазик би морал да се воведе во парламентот. Прашање е дали граѓаните на Србија на тоа би се согласиле и дали Србија ми можела да го поднесе тоа“, кажа Додик.

Тој смета дека четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово би требало да се реинтегрираат во територијалниот состав на Србија.

„Сметам дека тие четири општини на северот на Косово треба да се реинтегрираат во територијалниот состав на Србија, но и воедно да се обезбедат сите права и највисок степен на заштира на српскиот народ и српскиот имот на Косово и Метохија, како и да се бара некаков вид екстериторијалност“, кажа Додик.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе