Додик: Спремни сме да се сочува БиХ како држава, но бараме поголема автономија

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека Србите се спремни да прифатат зачувување на заедничката држава.

Додик додаде дека за тоа Србите мора да добијат значително поголема автономија.

„Ние сме спремни да го прифатиме тој обем што го сакаат Бошњаците, да се зачува Босна и Херцеговина како држава на сегашната територија, но исто така, мора да имаме далеку повеќе автономија отколку што имаме денес. Ако е можно тоа да се изгради, тогаш и иднината на БиХ е извесна“, кажа Додик во интервју за Радио слободна Европа.

Тој кажа дека и по прашањето на „изградбата на системот во Босна и Херцеговина, ништо не е завршено“.

„Веројатно им е тешко на политичките Бошњаци да го прифатат постоењето на Република Српска. И за нас Србите е тешко сфаќањето дека сме во рамки на БиХ. И тука треба да се бара помирувањето, некој вид уважување, еден ден да подвлечеме линија и да кажеме дека нема да го чепкаме, но треба сега да го доразвиеме тој систем“, кажа Додик.

Кажа и дека мисли дека Република Српска со поголем степен самостојност во рамки на БиХ не би требало да му биде проблем на никого и дека во тој поглед Република Српска не би барала никакво друго решение.

Додик кажа и дека „Југославија можеби не би влегла во толку крвав распад да беше почувствителна на можноста да се разговара за сите политички ставови во нејзините рамки“.

„Мислам дека целта е разговорот и дека разговорот може да даде резултати, доколку сите се почитуваме едни други до мерка да ги разбереме политичките тенденции и некои видови стравувања, но и политичките желби“, кажа српскиот член на Претседателството на БиХ.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе