Додик спомнува распаѓање на БиХ, Изетбеговиќ мисли дека може да дојде до војна

Лидерите на владејачките српски и бошњачки партии во Босна и Херцеговина дополнително ги поттикнаа тензиите во таа земја со нови најави за нејзино распаѓање и закани со војна.

EPA-EFE

Милорад Додик, актуелниот претседавач на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), свика средба со претставниците на политичките партии кои учествуваат во власта во Република Српска за да разговараат за проектот на „мирно разидување“ во БиХ.

По средбата тој на новинарите им кажа дека решиле „да ги повикаат на разговори Федерацијата БиХ и другите два партнери“ за иднината на држава.

Кажа дека сега се нуди можност за разидување во БиХ, а во РС сметаат дека таквата иницијатива треба да се прифати ако договор за иднина на државата е невозможен.

„Сега ни зборуваат во кулоарите за можноста да се разделиме. На мирен начин, не со војна. РС нема да се оддели со војна“, кажа Додик, најавувајќи дека РС ќе формира тим кој ќе преговара со партнерите од Федерацијата БиХ.

Изетбеговиќ: Не сум сигурен дека нема да има војна

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ речиси истовремено кажа дека не е сигурен дека во БиХ нема да има војна.

Во интервју за сараевската комерцијална телевизија Канал О, Изетбеговиќ потсети дека и неговиот татко Алија Изетбеговиќ сè до 1992 верувал во можноста за одржување на мирот па на граѓаните пред почетокот на отворените конфликти им порачувал да спијат мирно бидејќи нема да има војна.

Кажа дека не сака да ја повтори грешката на татко му, но истакна дека е „спремен да застане пред својот народ“ ако има војна или обид за отцепување од БиХ.

„Попрво би умрел отколку да дозволам оние кои извршија геноцид да завладеат со дел од Босна и Херцеговина. Дефинитивно“, кажа Изетбеговиќ, додавајќи дека оние кои сакаат да ја поделат БиХ можеби можат со тоа и да почнат, но сигурно не знаат како тоа ќе заврши.

Новата дебата за тоа дали БиХ ќе опстане како држава е поттикната од инсистирањето на Додик на нужноста од „мирно разидување“, како и појавата на документот од непознати автори, таканаречениот нон-пејпер, со кој се нуди проект за промена на границите на Западниот Балкан, па и поделба на БиХ на три независни целини.

Документот го објави еден словенечки портал, поврзувајќи го со премиерот на таа држава Јанез Јанша, кој отфрли каква било врска со таквите предлози.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе