Додик: Што побрзо да се формира власта во БиХ без уцени за членство во НАТО

Членот на Претседателството на БиХ му кажа на шефот на делегацијата на БиХ и специјален претставник на ЕУ во државата Јохан Сатлер дека е спремен да работи на сите европски прашања.

Тој потсети дека тоа е договорено и со Европската комисија на состанокот на членовите на претседателството на БиХ во февруари во Брисел.

„Додик истакна дека, за жал, на тоа не е сработено доволно бидејќи е очигледно дека поради условувањето на останатите два члена на Претседателството со годишниот национален план (односно со НАТО) како предуслов за формирање на Советот на министри е жртвуван европскиот статус на БиХ“, соопшти неговиот кабинет.

На денешната средба во Сараево Додик му пренел на Сатлер дека во таквата состојба на нештата, каде се обидува да се услови формирањето на власта со членството во НАТО, не е сигурен дека во овој момент е возможно формирање на власта.

Се наведува дека Додик истакнал дека не може да се прифатат какви било уцени.

„Сатлер истакна дека мора забрзано да се работи на формирање на Советот на министри, односно власта во БиХ, бидејќи поради тоа се заробени многу европски средства за значајни проекти во БиХ“, соопшти кабинетот на српскиот член на Претседателството на БиХ.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе