„Ова е најголемата криза од Дејтон“

Додик се заканува со отцепување на Република Српска од БиХ

На Босна и Херцеговина ѝ се заканува „најтешката повоена криза“, ја искоментира претседателот на владејачката Партија на демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ најавата на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик дека со радикални мерки ќе одговори на декларацијата со која најголемата бошњачка партија минатата недела повика на воспоставување на републиката БиХ како граѓански држави составени од региони.

Додик во средата најави дека одговорот на Република Српска на декларацијата на конгресот на СДА би можел да биде „афирмирање на правото на самоопределување на Србите“.

Конкретно, тоа значи отцепување на Република Српска од БиХ. Се закани дека властите на тој ентитет во секој случај посегнале за ставање надвор од сила на сите закони кои од 1996 година до денес биле дефинирани политиките и овластувањата на различните тела на власта на државно ниво, вклучувајќи ја единствената војска, Разузнавачко-безбедносната агенција (ОСА), Високиот судски и обвинителски совет (ВСТВ) и собирање на приходите од царините.

„Тие (Србите) сакаат да ги доведат во прашање одлуките што се изгласани во парламентот на БиХ и самото толкување на уставот на БиХ. Веројатно со тоа планираат да нѐ внесат во најтешката повоена криза“, изјави Изетбеговиќ.

Изетбеговиќ сега за пропаѓањето на договорот за тоа дали ќе има продолжување на патот за членство во НАТО и воспоставување на Советот на министри го обвинува Додик, тврдејќи дека токму тој не сака компромис и решавање на кризата.

„По низата состаноци со Милорад Додик на таа тема стекнав впечаток дека неговата цел не е да се постигне компромис и да се реши кризата. Неговата цел попрво е продлабочување на кризата, наметнување на волјата на ентитетот на државата, уривање на уставноправниот систем и принципот на владеење на законите во БиХ“, кажа Изетбеговиќ.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе