Додик се закани со распад на БиХ, Американците јасно му одговорија (ВИДЕО)

Заканите со распад на Босна и Херцеговина се неприфатливи, а САД цврсто го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, се наведува во пораката која вчера ја испрати американската амбасада во Сараево.

EPA-EFE

Тоа е реакција на заострената политичка реторика откако високиот претставник Валентин Инзко наметна закон со кој се забранува негирање на воените злосторства.

Со одлуката за измени на кривичниот закон на БиХ, објавена во петокот, Инзко овозможи во иднина секое лице кое ги негира воените злосторства, вклучувајќи го и колежот во Сребреница, или ги величи извршителите на тие злосторства да се казни со затвор до пет години.

Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик веднаш на тоа одговори со најава дека тој закон нема да го почитува и најави чекори кои треба веднаш да доведат до распад на БиХ, односно одвојување на Република Српска од нејзиниот состав. Во саботата дополнително повика да се потпише петиција во која сите Срби во БиХ би се изјасниле дека не ја прифаќаат одлуката на Инзко.

По тоа на адреса на Додик почнаа да пристигнуваат остри критики и закани, а бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ му порача дека со таквото однесување е на најдобар пат да заврши во затвор.

„Соединетите Американски Држави остануваат цврсто приврзани на Босна и Херцеговина како демократска, мултиетничка, суверена и независна држава со неспорен територијален интегритет и нејзината иднина загарантирана во евроатлантската заедница на држави. Постапките или заканите поврзани со распаѓање на Босна и Херцеговина се неприфатливи и во спротивност со Дејтонскиот мировен договор и уставот на БиХ кои на ентитетите не им даваат право на отцепување“, гласи ставот на амбасада на САД.

На политичарите во БиХ им е упатен повик да прекинат со реториката на поделби и да се фокусираат на дијалогот и спроведувањето на реформите нужни на сите граѓани на земјата.

Додик, пак, во текот на денот на медиумите во РС им кажа дека нема да се окаже од реториката, а претседателот на владата на тој ентитет Радован Вишковиќ најави дека во следните денови ќе бидат преземени „низа потези кои ќе покажат дека ваква БиХ не може да функционира“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе