Додик се откажа од противењето на воената вежба, во БиХ пристигнуваат стотици американски војници

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Сифет Поџиќ потврди денес дека во неговата земја во втората половина на мај ќе се одржи воена вежба во која, покрај војници на БиХ, ќе учествуваат околу 700 припадници на војската на Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE

Вежбата Брз одговор 21, со која ќе раководи командата на американската војска за Европа и Африка (УСУКОМ), е дел од големата воена вежба која годинава се одржува на целиот европски континент, наводно со цел увежбување на одбраната на Европа и одвраќање на можна агресија.

Вежбите, кои го носат заедничкото име Бранител на Европа 21, планирано е учество на 28 илјади војници од 26 држави членки на НАТО, но и земји надвор од воениот пакт, како БиХ.

„Вежбата ќе ја покаже спремноста на САД во непосредна реакција во Европа да испрати сили со големина на дивизија како средство за одвраќање на агресор или како одговор на агресија“, кажа Поџиќ.

Вежбата ја одобри Претседателството на БиХ во 2020, а на тоа се согласи и сегашниот претседател на државниот врв Милорад Додик, и покрај заканите кои ги кажуваше како претседател на Република Српска дека тоа никогаш нема да го дозволи. Додик е жесток противник на членство на БиХ во НАТО.

„Не е во интерес на РС, па ни на Додик да провоцира околу таа вежба“, кажа денес министерот за безбедност на БиХ Селмо Цикотиќ, истакнувајќи дека вежбата ќе протече без тешкотии.

Главниот дел на американските војници во БиХ ќе пристигне на 14 мај, а вежбата почнува три дена подоцна и ќе трае до 2 јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе