Додик: Се обидуваат да ме уапсат

Милорад Додик, членот на Претседателството на БиХ, изјави дека се „подготвува негово апсење“ врз основа на законот за негирање на геноцидот кој неодамна го наметна поранешниот висок претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко.

EPA-EFE

„Нормално, постојано се обидуваат. Јас не знам некој кој има повеќе кривични пријави во Сараево од мене, мислам дека ги имам преку сто“, кажа Додик.

Тој додаде дека во БиХ нема висок претставник и дека останува на ставот дека би сакал средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот висок претставник Кристијан Шмит да не се случела.

„Тој е лажен висок претставник“, кажа тој.

Додик тврди дека Република Српска не може да исчезне и дека тоа не треба да се доведува во прашање.

„Таа не може да се укине, таа само еден ден ќе стане независна земја. Не е можна војна, можен е мал инцидент во некоја смисла. Тие кои би влегле во РС мора да сметаат на тоа дека РС ќе мора да се брани“, кажа Додик.

Тој истакна и дека Република Српска е единственото нешто кое функционира, а дека Босна и Херцеговина има многу тешкотии.

„Единственото нешто што не го поднесуваат е тоа што Србија е стабилна и е фактор. Зошто тоа ни се замерува? Србија е силна, стабилна на економскиот пат. РС е исто така силна“, кажа тој.

Околу немирите на Цетиње кои се случија на денот на устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на СПЦ Јоаникие, Додик кажа дека е јасно дека зад сè стои претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

„Мило Ѓукановиќ и неговите луѓе, нема тука многу избор. Тоа е една идеологија која беше насочена да се намали не само значењето, туку и бројот на Србите во Црна Гора. Тоа беше шиканирање на Србите, но луѓето се обединија околу Црквата“, објасни.

Додик оцени дека Ѓукановиќ се пресметал и ја преминал границата бидејќи Црквата е симбол на единството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе